Во Дрезден маршеви за поддршка и против ПЕГИДА

Околу 20 илјади поддржувачи и 14 илјади опоненти на германското антиимигрантско движење ПЕГИДА протестираа синоќа во Дрезден на одбележувањето на првата годишнина од првиот марш на ова движење. И покрај силното полициско обезбедување, новинските агенции јавуваат дека дошло до тепачки меѓу двете страни. Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер го осуди движењето како екстремистичко. ПЕГИДА всушност е кратенка од целото има на движењето: Патриотски европејци против исламизација на Западот.