Одделни средби на Хан со политичките лидери

Еврокомесарот Јоханес Хан

Еврокомесарот Јоханес Хан во резиденцијата на ЕУ во Пржино ги почна одделните средби со лидерите на политичките партии вклучени во имплементацијата на договорот од Пржино. Хан најпрвин имаше средба со премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, а потоа со лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој изјави дека се разговара за се она што е на маса и дека се ќе зависи од лидерската средба. Ахмети рече дека се уште нема договор за тоа кој ќе биде на чело на министерските места.

Во тек е разговорот меѓу Хан и лидерот на ДПА, Хашим Тачи, по што ќе следи средба и со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во 18 часот во резиденцијата е закажна заедничката средба на Хан со сите политички лидери.