Милановиќ-Бегалската криза е под контрола

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ во посета на мигрантски камп во земјата.

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ денеска изјави дека неговата Влада ја држи под контрола бегалската криза и покрај тоа што Словенија и Австрија мигрантите ги прифаќаат со побавно темпо. Според него, Владата прави се што е можно за кризата да не влијае врз животот на граѓаните.Тој порача и дека Хрватска ќе испраќа бегалци кон Словенија и луѓето ќе продолжат да минуваат преку земјата, се додека проблемот не се реши во Турција и Грција.