Ахмети до Бејли-Го поддржуваме договореното

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска остварил средба со американскиот амбасадор Џес Бејли во неговата резиденција во Скопје. Ахмети и Бејли, како што соопшти ДУИ разговарале околу политичкиот ќорсокак кој го попречува евроатланската интеграција на земјата. Ахмети истакнал дека ДУИ ги поддржува постигнатите договори со посредство на меѓународната заедница и нивното целосно спроведување.

Тој изразил уверување дека Советот на јавни обвинители ќе ги надмине препреките и ќе се овозможи непречено функционирање на институцијата. Ахмети повикал политичките лидери да ги почитуваат и другите обврски кои произлегуваат од договорите постигнати за излегување од кризата кои, според него, ќе овозможат демократски и фер избори.