Јанукович ги тужи украинските власти

Виктор Јанукович

Адвокатската фирма Џозеф Хејг Аронсон која го застапува поранешниот украински претседател Виктор Јанукович соопшти дека ќе ги тужи властите од Киев за прекршување на човековите права. Според соопштението, тужбата била поднесена во Европскиот суд за човекови права. Неговите адвокати информираат и дека Јанукович бил жртва на дискриминација поради неговиот политички статус и ставови. Јанукович избега во Русија во јануари минатата година по неколку месечните протести против неговиот режим.