Платини нема потпишан договор за парите од ФИФА

Мишел Платини и Сеп Блатер.

Мишел Платини изјави дека нема потпишан договор за исплатата на 2 милиони долари од страна на ФИФА. Тој во интервју за весникот Ле Монд објавено денеска информира дека парите ги добил за советите кои му ги дaвал на претеседателот на ФИФА, Сеп Блатер од 1998 до 2002 година. Повеќето од исплатите кои се под истрага на швајцарското обвинителство биле извршeни во 2011 година. Блатер претходно изјави дека исплатата на парите била врз основа на џентлментски договор.