Швајцарија, по изборите, врти на десно

Популистичката Швајцарска народна партија позната по своето противење спрема имиграцијата, Европската унија и Исламот, на вчерашните избори, доби 65 од 200 места во Долниот дом на парламентот на Швајцарија. „Треба да ја направиме Европа да биде помалку атрактивна и да испратиме сигнал дека не можеме да даваме азил ниту за бегалците од војната“, изјави шефот на оваа партија Тони Брунер. Резултатите од вчерашните избори со одѕив од 48 насто, покажуваат, според аналитичарите, дека Швајцарија врсти на десно. Инаку, една четвртина на околу 8 милиони жители во таа земја се странци.