Продолжуваат руските воздушни напади во Сирија

Руското министерство за одбрана соопшти дека руски борбени авиони во изминативе 24 часа извеле напади врз педесетина позиции на милитантите на Исламската држава, главно во регионите на Хама, Латакија, Дамаск и Алепо. Од почетокот на руската воздушна операција пред две недели, сириските трупи лојални на претседателот Башар ал Асад се во офанзива во неколку фронтови во земјата. Според Сириската опсерваторија за човекови парава со седиште во Британија, сириските сили освоиле неколку села во провинцијата Алепо.