Иванов - Со внимание го следам спроведувањето на договорот

Архивска фотографија.

Со внимание ги следам сите настани околу исполнувањата на политичкиот договор кој беше договорен од лидерите на најголемите политички партии и се надевам дека сè ќе оди како што е предвидено и дека утрешната посета на Хан е само потврда дека стоиме до она што е договорено, за да можат сите политички актери да бидат одговорни за сето она што го презеле и да го реализираат. Затоа што роковите течат и договорот мора да се исполнува.

Ова го порача претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во Кавадарци, запрашан да ја оцени политичката состојба во земјава и спроведувањето на договорот од Пржино во пресрет на утрешната посета на Хан во Македонија.

На прашањето како го оценува наредниот период, имајќи ја предвид бегалската криза и она што се случуваше во Куманово, дали е оптимист за стабилизирање на состојбите, Иванов потсети на една своја изјава дека „Македонија е безбедна исто толку колку што се безбедни сите држави кои не опкружуваат”.