Удавени мигранти кај брегот на Турција

Во близина на турскиот брег се удавија 12 мигранти

Во близина на брегот на Турција потона брод со бегалци при што се удавија 12 луѓе, додека 25 се спасени.

Турската крајбрежна стража извлекла тела од дрвен брод кој пловел од брегот кај Ајвалик кон грчкиот остров Лезбос, јави Анадолија. Спасувачките тимови успеале да спасат 25 луѓе од бродот кој тонел и кои испраќале повик за помош преку мобилни телефони.

Не е наведена националноста на мигрантите.

Грчката крајбрежна стража, пак, соопшти дека во друг инцидент во Егејското Море загинале четворица мигрнати, од кои три деца.