Штајнмаер во прва посета на Техеран

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер денеска пристигнаа во прва посета на Техеран, за да го повика Иран брзо да ги исполни обврските од договорот за нуклеарната програма склучен во јули. На средбите со иранските власти се предвидува да се разговара и за конфликтот во Сирија.

Договорот меѓу Иран и светските сили, кој стапува на сила в недела, муовозможува на Иран да има цивилна нуклеарна програма, но бара државата да покаже дека нема планови да произведе нуклеарно оружје. Исто така, меѓу другото, треба да им овозможи на инспекторите на ОН да можат да ги посетат спорните објекти.

„Сега е ред на Иран да ги исполни условите кои беа договорени во замена за укинување на санкциите“, рече Штајнмаер.

Тој, исто така, бара Иран да помогне во наоѓањето на политичко решение за долготрајниот конфликт во Сирија. Иран и Русија се најважните сојузници на сирискиот претседател Башар ал-Асад.