Талибанците сметаат дека САД се неискрени за Авганистан

Талибанците во Авганистан реагираа на одлуката на САД да го одложи намалувањето на бројот на свои војници во земјата.

„Одржувањето на американските сили во Авганистан на ниеден начин не може да го забави брзиот прогрес на нашиот џихад и нашата борба“, се вели во писмената изјава објавена вчера.

Американскиот претседател Барак Обама претходно објави дека и наредната година во Авганистан ќе останат околу 10 илјади американски војници, додека во 2017 година, нивниот број ќе се намали на 5.500.

Еден талибански командант, за новинската агенција Ројтерс, изјавил дека таквата одлука покажува дека Американците „не се искрени во врска со мирното решавање на авганистанската криза“.