Пронајден пиштол кај Мијалков на белградскиот аеродром

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков во четвртокот бил приведен па ослободен на белградскиот аеродром Никола Тесла, откако во неговиот рачен багаж бил пронајден пиштол, јавуваат српските медиуми. Извори од аеродромот раскажуваат дека тој потоа разговарал со некого на телефон, по што интервенирале високи претставници од српската полиција и тој бил ослободен. Српските медиуми забележуваат дека Мијалков на скопскиот аеродром бил пуштен да влезе со пиштол во авионот.