Русија воспостави контакт со Турција за уривањето на дронот

Руското Министерство за одбрана соопшти дека воспоставило директен контакт со турската армија за рускиот воен авион во Сирија, неколку часа откако Турција собори неидентификувано летало-дрон кое преминало од Сириај во турскиот воздушен простор. Во меѓувреме, рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Богданов рече дека ќе контактира со турски претставници на 18 октомври во Истанбул. Турските власти испратија тим да ги истражат соборувањето на дронот, да утврдат кој управувал со него кога бил соборен. Американските претставници истакнаа дека мислат оти дронот е руски.