Амбасадорот на САД во Приштина на средба со Јахјага

Грег Делави

Блокирањето на работата на косовскиот парламент од опозицијата, со фрлање солзавец во собраниската сала, била причина американскиот амбасадор Грег Делави да се сретне со косовската претседателка Атифете Јахјага. Американскиот дипломат апелирал до сите политички сили да ја вратат нормалната работа на Парламентот, за да се усвојат предлог-законите кои ќе им помогнат на граѓаните на Косово да ги реализираат нивните цели. „Јас верувам дека парламентот е место за дискусија, дебата каде може да има и несогласувања, но сум убеден дека Парламентот не е место за оружје, насилство и опструкции“, изјави Делави.