Уапсен поранешниот премиер на Молдавија

Молдавските власти го уапсија поранешниот премиер на земјата и лидер на владеачката проевропска коалиција. Тој бил одведен во Центарот за антикорупција на земјата каде ќе биде задржан до 18 октомври за сослушувње. Доколку судот издаде налог за поранешниот премиер Влад Филат, тој би можел да биде задржан во притвор подолго. Потегот доаѓа откако Парламентот изгласа да му се укине парламентарниот имунитет на Филат, за да може да биде започната истрагата против него за наводите за корупција. Од 101 пратеници во Парламентот, 79 гласале за да му се одземе имунитетот на Филат. Обвинителот Корнелиу Гурин тврди дека Филат примил мито од околу 250 милиони долари од бизнисмен и индиректно му дал контрола врз една од три молдавски банки, од каде исчезнале 1,5 милијарди долари пред почетокот на парламентарните избори во 2014 година.