Германија: вклучување на Турција во „безбедни земји“

Германската влада има волја да го поддржи предлогот Турција да биде ставена на листата на „безбедни земји“ чии граѓани имаат малку шанси да добиваат азил во Европа. Ова за новинската агенција Ројтерс го изјави неименуван висок претставник во Берлин. Европските лидери денеска во Брисел се состануваат за да дискутираат за справувањето со бранот бегалци кои се обидуваат да влезат во Европа. На дневниот ред е и соработката со Турција и со другите земји кои граничат со Сирија со цел да се задржат милионите бегалци во регионот. Германскиот канцелар Ангела Меркел планира в сабота да ја посети Турција на разговори со претседателот Реџеп Таип Ердоган и со премиерот Ахмед Давутоглу. Владата на Меркел сака да ја прошири листата на безбедни земји со Kосово, Албанија, Црна Гора. Во ова категорија веќе се Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.