Спасовски: Договорот од Пржино не е повеќе активен

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски изјави дека со денешната одлука на Советот на јавни обвинители е прекршен Договорот од Пржино и Законот за специјалното јавно обвинителство. Спсовски зборуваше пред Клубот на пратениците каде досега се одржуваше средбата на работните групи за изборната регулатива. Спасовски рече дека СДСМ денеска ќе одржи партиска консултација, а нивниот став за понатамошното делување во процесот ќе го соопштат утре. „Ние се повлекуваме од преговорите на консултации во партијата. За нас Договорот од Пржино не е повеќе активен. За сите следни чекори кои ќе ги преземеме понатаму, ќе бидете информирани, изјави Спасовски. Тој истакна дека тие нема да дозволат да потпишат уште еден договор кој ќе биде палома хартија.