Јанева: Прекршен е договорот од Пржино

Советот на јавни обвинители, на денешната седница, одобрил само 7 од вкупно 14-те помошници јавни обвинители, што ги предложи специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Јанева оцени дека со преполовувањето на нејзиниот тим од страна на Советот на јавни обвинители, прекршен е договорот од Пржино.

Јавниот обвинител Марко Зврлевски, пак оцени дека тоа што го предложила Катица Јанева е политичко обвинителство.