САД и Русија пред договор за воздушната безбедност во Сирија

Еш Картер

Соединетите држави очекуваат наскоро да биде постигнат договор со Русија околу безбедноста на небото над Сирија, изјави американскиот секретар за одбрана Еш Картер. Руската интервенција во сириската граѓанска војна ја зголеми загриженоста од инциденти меѓу американски и руски борбени авиони. Соединетите држави соопштија дека таквата соработка нема да значи и размена на разузнавачки податоци со Москва која му дава поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад. „И покрај тоа што не се согласуваме околу политиката во Сирија, би требало барем да се согласиме да не доаѓа до несакани инциденти“, рече Картер.