Две ракети ја погодија руската амбасада во Дамаск

Две ракети ја погодија руската амбасада во сирискиот главен град Дамаск, откако провладини демонстранти се собраа пред зградата да и заблагодарат на Москва за интервенцијата во Сирија. Во извештаите се вели дека првата ракета ја погодила зградата во комплексот, при што била предизвикана паника, а втората граната паднала во областа. Од руската амбасада соопштија дека нема жртви меѓу вработените. За време на нападот околу 300 луѓе беа собрани пред амбасадата во Дамаск. Опозициските борци во предградието наглавниот град, и во минатото беа фокусирани на напади врз амбасадата, но не е јасно дали собирот бил цел на нападот.