Амнести обвини сириски Курди за воени злосторства

Амнести интернешнал ја обвини сириската курдска милиција поддржана од Соедините држави за воени злосторства со тоа што принудила илјадници цивили кои не биле Курди да ги напуштат домовите кои потоа им биле уништени. Во текот на оваа година оваа група зазеде некои делови кои претходно беа под контрола на милитантите на Исламската држава. Претставници на курдите во Сирија ги отфрлија ваквите обвинувања како неосновани.