Косовската полиција го пушти Албин Курти

Албин Курти

Пратеникот во Собранието на Косово и поранешен лидер на движењето Самоопределување Албин Курти бил пуштен од полициската станица во Приштина во која бил приведен на испитување. Претходно активисти на Самоопределување и на други опозициски партии во знак на протест против приведувањето на Курти запалиле неколку возила на Државното обвинителство на Косово, а полицијата уапсила тројца демонстранти. Лидерот на Самоопределување Висар Имери апсењето на Курти го нарече киднапирање, а припадници на ова движење почнале со камења да фрлаат врз полициската станица по што полицијата била принудена да интервенира со солзавец. Косовската полиција соопшти дека постапувала по налог на надлежното обвинителство за спроведување на пратеникот Курти. Тој во знак на протест против Бриселскиот договор меѓу Белград и Приштина на 8 октомври во Собранието на Косово активирал солзавец.