Состанок на работните групи за изборниот законик

Питер Ванхаут

Работните партиски групи за спроведување на договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија во текот на ноќта, како што јавуваат медиумите, се обидувале да најдат решение околу Изборниот законик. Доколку биде постигнат напредок за верзијата што ја понудија странските посредници законотби требало од денеска да влезе во собраниска процедура. Несогласувањата на партиите главно се за тоа дали и како ќе гласа дијаспората, какви надлежности ќе има ДИК, како ќе работи Управниот суд по жалби, како ќе се уреди избирачкиот список и како медиумите треба да известуваат од изборната кампања.