Времето денеска: сончево со локална облачност

Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 17 до 23 степени. Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 20 степени.