Соработка на ЕУ, Турција и Западен Балкан за решавање на бегласката криза

Шефовите на дипломатијата на земјите-членки на Европската унија на денешниот состанок во Луксембург се заложија за поинтензивна соработка со Турција и со државите од Западен Балкан за решавање на мигрантската криза. Министерскиот совет го поддржува зајакнувањето на поддршката за Јордан, за Либија, за Турција и за земјите до Западен Балкан, поздравувајќи ги резултатите од заедничката конференција за балканскиот пат од 8 октомври и апелира за што побрза и потемелна примена, се наведува во заклучоците од седницата на министерскиот совет. Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ на 8 октомври на заедничката конференција со колегите од Западен Балкан донесоа декларација со која се предвидуваат низа мерки за пооефикасна регистрација и згрижување на мигрантите на балканскиот пат, подобра контрола на границата и побрза постапка на реадмисија. Шефовите на дипломатијата на земјите-членки на ЕУ денеска ја поздравија одлуката на високата претставничка на Унијата за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини во земјите кои се наоѓаат на бегалскиот пат да испрати офицери за врска за европска миграција, кои ќе работат при мисиите на ЕУ во тие земји.