Зголемена поддршка за влез на Црна Гора во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека е охрабрен од неодамнешните реформи на Црна Гора и оти гледа „зголемена поддршка“ за покана на земјата да се приклучи кон воената алијанса. Формалната одлука за членството на Црна Гора треба да биде направено на средбата на министрите за надворешни работи на НАТО на почетокот на декември. Зборувајќи во Норвешка пред пратениците од земјите членки на Алијансата, Столтенберг рече дека Црна Гора навистина прави напредок во насока на владеењето на правото, кога станува збор за независноста на судството, но и кога станува збор за модернизација на армиските сили и разузнавачките служби. Столтенберг оваа недела треба да ја посети Подгорица.