Доделена Нобеловата награда за економија

Ангус Дитон ја освои Нобеловата награда за економија за 2015 година. Шведската Кралска академија на науките денеска му ја додели наградата на Дитон „за неговата анализа на потрошувачката, сиромаштијата и на социјалната помош.“ Шкотланѓанецот Дитон е професор по економија и по меѓународни односи на Унивесзитетот Принстон во САД. Нобеловиот комитет му додели парична награда од 960 илјади долари.