Турски воздушни напади врз курдски позиции

Турската воена авијација извршила напади врз позиции на Курдската работничка партија во Турција и во Ирак и покрај тоа што оваа бунтовничка организација им нареди на нејзините борци да не изведуваат напади на турска територија. Во овие напади, според извештаите, имало десетина загинати. Турската влада ја отфрли декларацијата на Курдската работничка партија за стопирање на нападите. Во бомбашкиот напад за време на еден прокурдски собир во Анкара во саботата загинаа околу 100 луѓе. Безбедносните сили соопштија дека зад нападот стоеле милитанти на Исламската држава.