Петти претседателски мандат на Лукашенко

Александар Лукашенко

Централната изборна комисија на Белорусија соопшти дека претседателот Александар Лукашенко на изборите добил над 83 насто од гласовите со што по петти пат го добива претседателскиот мандат. Тацијана Караткевич, релативно непозната кандидатка на опозициското движење „Кажи ја правдата“ е на второто место со освоени 4,42 проценти од гласовите. Одѕивот на гласачите бил 86,7 насто. Лукашенко вчера изјави дека би бил лош знак доколку добие помалку гласови од изборите пред пет години кога доби скоро 80 насто. Лукашенко е 21 година е на власт во Белорусија.