Мисајловски: Ситуацијата со врнежите не е критична

„Ситуацијата не е критична, но мора будно да ги следиме сите случувања, бидејќи станува збор за временска непогода што се уште трае“, изјави синоќа во Охрид министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Тој присуствуваше на вонредната седница на Кризниот штаб за заштита и спасување на општина Охрид на која се разгледуваа активностите спроведени на терен изминатите два дена во врска со настанатите поплави предизвикани од поројните дождови што го зафатија регионот. Мисајловски појасни дека поради поројните дождови има проблеми низ повеќе градови низ земјата, но оти голем дел од општините благовремено реагираа, а неговата посета на Охрид е за да утврди што Владата може да и помогнеме на локалната самоуправа тука.