Во Белорусија излезноста на гласачите повеќе од 51 отсто

Гласачките места се отворени во Белорусија за претседателските избори на кои извесно е дека гласачите ќе му дадат на претседателот Александар Лукашенко нов петгодишен мандат. Гласањето почна во 8 часот. Според Централната изборна комисија , одѕивот на гласачите на пладне изнесувал 51,2 отсто. Опозициските претставници обвинија за притисок врз државните службеници, пациентите во болниците, и студентите да гласаат рано. Според белорускиот Изборен законик,претседателските избори се важечки ако одѕивот на гласачите е над 50 проценти.Лукашенко ги предупреди лидерите на опозицијата да започнат да го почитуваат законот веднаш штом ќе се затворат избирачките места во 8 часот по локално време."Ние нема да дозволиме некој да ја дестабилизира ситуацијата", рече тој. Вчера стотици поддржувачи на опозицијата одржаа непријавен протестен митинг во главниот град Минск, и ги повикаа гласачите да ги бојкотираат изборите. Околу 7 милиони Белоруси имаат право на глас на претседателските избори, што политичките противници на Лукашенко ги бојкотираат.