Дождот донесе проблеми во неколку места низ Македонија

Двете реки во Куманово Липковка и Којнарка по вчерашните обилни дождови се излеаја во понискиот дел на градот. Речното корито во населбата Средорек е полно речиси до врв. Поплавени се пероните на автобуската станица, Градскиот стадион, градскиот пар

Дождот донесе проблеми и во тетовските села. . Поплавени места има, но не како што беше пред два месеца.

Интензивните врнежи предизвикаа проблеми и во неколку делови на Охрид Невремето со интензивни врнежи од дожд што од вчера попладнето и целата ноќ го зафатија Охрид предизвикаа поплавувања во повеќе делови на градот, најмногу на оние места што се сметаа за критични во неколку места

Во Преспанскиот регион во последните 24 часа наврнале 86,6 литри на метар квадратен дожд.

Поради силните врнежи атмосферската канализациска мрежа не можеле да ја прифатат водата на повеќе места низ Ресен и Преспа, што предизвикало поплави на подрумски простории во стамбени објекти.

Од Град Скопје, информираат дека, иако вчерашните врнежи во Скопје беа обилни и, според УХМ, изнесуваат 71 литри на метар квадратен, на терен на ниту една локација немаше појава на поплавување.