Заев :Преговорите за изборниот законик ќе финишираат денеска

Преговорите за изборниот законик ќе финишираат денеска, а веќе од утре би требало да биде отворено прашањето за состојбата во медиумите и за промените во МРТВ, изјави синоќа лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по трибината во Охрид, насловена како „Визија за Македонија“.

На дневен ред се МРТВ, МИА, но и Агенцијата за аудио и визуелни медиумски услуги. МРТВ како јавен сервис е многу значаен затоа што сите плаќаме радиодифузна такса и мора да го направиме независен медиум од секој аспект, и од кадровски и од финансиски. Истото се однесува и на МИА и на Агенцијата за аудио и визуелни услуги. Мора да ги поставиме на здрави основи, како коректив на секој кој го користи етерот како право на секој граѓанин на Македонија. Целта е колку што е можно независност на медиумите брз притоа да се мешаме во уредувачката политика ние политичарите – рече Заев.

Белгискиот експерт Питер Ванхауте денеска треба да им го достави на партиските работни групи, предлогот за новите изборни правила. Овој предлог би требало да ги вклучува и ставовите и забелешките кои му тие му ги кажаа на одвоените средби во петокот.

Најголеми разлики во преговорите за изборната регуалтива има околу гласањето на дијаспората Последниот предлог на белгискиот експерт беше дијаспората да не гласа, со што не се согласува ВМРО-ДПМНЕ.Предлог на СДСМ пак е да има цензус и да се бира пратеник со исто онолку гласови колку што се бира во Македонија.

Во врска со бројот на изборните единици. ВМРО-ДПМНЕ, како и ДУИ и ДПА се залагаат за постојниот модел со 6 изборни единици, доколку не остане гласањето на дијаспората,а за СДСМ најдобро решение е пропорционален модел со една изборна единица.