Претседателски избори во Белорусија

Гласачките места се отворени во Белорусија за претседателските избори на кои се чини дека гласачите ќе му предадат на претседателот Александар Лукашенко нов петгодишен мандат. Гласањето почна во 7 часот. Изборната комисија соопшти дека околу една третина од гласачите го дале својот глас. Опозициските претставници велат дека имало притисок врз државните службеници, пациентите во болниците, и студентите да гласаат рано. Во пресрет на изборите,вчера,стотици поддржувачи на опозицијата одржаа протестен митинг во главниот град Минск, и ги повикаа гласачите да ги бојкотираат изборите. Околу 7 милиони Белоруси имаат право на глас на претседателските избори, што политичките противници на Лукашенко ги бојкотираат. Лукашено е на власт 21 година.