Во Пожаране и Крушево најмногу дожд

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Пожаране и Крушево.Според мерењата на УХРМ, во Пожаране се наврнати 100 литри на метар квадратен, во Крушево 99, а следат Охрид со 90, Претор со 87, Тетово со 82, Прилеп 78, Гевгелија 77,и Скопје со 71, литри на метар квадратен.

Инаку,денеска на магистралниот пат А-3 од Македонска Каменица до Делчево поради поројни дождови има одрони на карпи на двете коловозни ленти и сообраќајот се одива отежнато. Обилните врнежи направија прекин на сообраќајот на локалниот пат од село Ропаљце до село Никуштак, Скопско.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози.