Турција:ПКК објави прекин на огнот

Курдската работничка партија (ПКК) прогласи прекин на герилските активности во Турција. Групата објави дека нејзините борци ќе избегнуваат акции освен во случај кога ќе бидат нападнати.

Политичкото крило на ПКК - Сојуз на курдски општини наведе дека припадниците на ПКК треба да се воздржат со секакви акции кои би можеле да ги нарушат претстојните парламентарни избори во Турција, што се закажани на 1. ноември.

Соопштението од ПКК уследи неколку часа по двете експлозии во Анкара, при што загинаа најмалку 30 луѓе, а 126 се повредени.

Турската Влада нападот го оцени како терористички акт.