Москва ги засили воздушните напади врз Сирија


Руските воени сили во Сирија извршиле 64 борбени летови против 55 цели во текот на последните 24 часа,изјави денеска во Москва портпаролот на армијата.
Тој рече дека се интезивирани воздушните напади на Москва во Сирија, бидејќи голем број на цели се идентификувани со воздушните извидувања.
Москва вели дека нејзините воздушни напади се насочени против позиции на Исламската држава.
Независната Сириска опсерваторија за човекови права,соопшти дека руските авиони извршиле напади во западна Сирија. Организацијата вели дека постои минимално присуство на милитанти од Исламската држава во областите каде што воздушните напади биле извршени.
Сириската опозиција и западните влади се изјаснија дека Русија ги користи свите напади за зајакнување на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, а не во борбата против екстремизмот.
Опсерваторијата, исто така, објавија дека има голема експлозија во предградието на градот Ал Баб, кој е упориште на ИС. Групата вели дека е нејасно што ја предизвикало експлозијата, која се случи во една зграда што се користи за чување на муниција.
Вчера невладината организација Хјуман рајтс воч соопшти дека најмалку 17 цивили загинале во областа Хомс во руските воздушни напади на почетокот на месецот и повика на истрага.