Северна Кореја одбележува 70 години од владеачката партија

Во Северна Кореја се одржува масовна воена парада по повод одбележувањето на 70-годишнината од владејачката Комунистичка партија. Лидерот на земјата Ким Јонг Ун во своето обраќање, рече дека Северна Кореја е подготвена да се бори против сите облици на војна започната од американските империјалисти. Странски лидери не присуствуваат на манифестацијата. Главниот сојузник на Северна Кореја, Кина, испрати висок партиски функционер.На дефилето учествуваат припадници на оклопните и на ракетните единици.