Свечена академија по повод 11 Октомври

По повод 11 Октомври – Денот на народното востание денеска во Македонскиот народен театар ќе се одржи свечена академија под покровителство на претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

На Академијата се поканети државниот врв, министри, пратеници во Собранието, дипломатскиот кор во Република Македонија, како и претставници од сите сфери на политичкиот, културниот, научниот и економскиот живот.