Eксплозиja во Анкара,има и жртви


Две силни експлозии избувнаа на железничката станица во турската престолнина Анкара.

Турските медиуми јавуваат дека има над 50 повредени лица, а одредени медиуми јавуваат и за 20 мртви.

На местото на настанот, испратени се многу амбулантни возила.

Државната новинска агенција Анадолија соопшти дека експлозиите се предизвикани од бомбаш-самоубиец.

Експлозиите се случија непосредно пред планираниот мировен марш, во знак на протест против конфликтот меѓу државата и курдските милитанти во југоисточна Турција.