Прободени четворица Арапи во Израел

Израелски Евреин е осомничен за напад со нож на четири Арапи во градот Димона. Двајца од жртвите во денешниот инцидент биле идентификувани како израеслки Арапи, додека за останатите двајца не е јасно дали се Палестинци или израесли Арапи. Жртвите се однесени на лекување од повредите. Градоначалникот на Димона Бени Битон за израелско радио рече дека се уште неидентификуваниот осомничен бил жител на градот, којшто и бил познат на полицијата. Безбедносните служби соопштуваат дека е можно нападот да бил причина за „националистичка“ одмазда поради инцидентот од минатата недела кога беа прободени осум израелски Евреи, во кој двајца беа убиени. Тројца Палестинци беа убиени и десетици беа повредени во последните денови за време на судирите во врска со пристапот на Евреите во светиот дел на градот Ерусалим. Во обид да го спречи насилството, израелската полиција денеска го забрани пристапот на местото за сите мажи под 45 години.