Русија е против промени во рамнотежата на моќта во Европа

Рускиот амбасадор во НАТО изјави дека Москва е против секој обид на менување на геополитичката рамнотежа во Европа. „Ќе направиме се за да се спречат било какви промени во рамнотежата на моќта во Европа“, рече денеска Александар Грушко. „Не сакаме ова да доведе до нова трка во вооружување, конронтација и шеми на нова студена војна.“ Грушко тврди дека бројот на извидувачки летови на НАТО по должината на границата на Русија „значително е зголемен“ и стакна дека постои практично постојана воена присутност на НАТО на Балтичкото и Црното Море. Грушко вели дека поради тоа што НАТО нема инстутуционална улога во Сирија, Русија нема намера да се ангажира во сојуз со алијансата на оваа тема.