Нобеловата награда за мир за Тунискиот Квартет за национален дијалог

Осло, 9.10.2015

Тунискиот Kвартет за национален дијалог е добитник на годинешната Нобелова награда за мир, поради, како што се вели во соопштението, за напорите за стабилизирање на политичката ситуација во Тунис.

Нобеловиот комитет наведува дека овој квартет е заслужен за изградбата на демократијата во Тунис по Јасмин револуцијата во 2011-та година.

Нобеловата награда за мир, во вредност од приближно милион долари, ќе биде доделена во Осло на 10-ти декември.