ЕУ го осуди насилството во косовскиот Парламент

Канцеларијата на ЕУ, специјалниот претставник на Унијата на Косово, амбасадите и канцелариите на државите членки на ЕУ заеднички го осудија насилството што вчера се случи во косовскиот Парламент, оценувајќи го како неприфатливо. Во соопштението се додава дека секој има слобода да го изрази своето мислење и да ја брани својата позиција, но оти употребата на насилство е неприфатлива. „Тоа не решава ниту еден проблем на Косово, туку само ги зголемува“, истакнуваат официјалните претставници од земјите членки на ЕУ. За време на вчерашната расправа во парламентот беше активиран солзавец.