Референдум за промена на Уставот во Ерменија

Ерменскиот претседател Серж Саргисијан потпиша декрет за одржување на референдум во земјата на 9 декември, за промена на Уставот на земјата со цел да се воспостави парламанетарна република. Тој го направи потегот неколку дена откако Парламентот гласаше за одржување на референдумот. Стотици опозициски активисти неколку дена протестираат против уставните измени. Според предложените измени, претседателските овластување ќе бидат пренесени на Парламентот и тој нема повќе да биде избиран на директни избори, туку во Паламантот. Претседателскиот мандат исто така е предвидено да биде продолжен од пет на седум години.