Судот во Хаг планира истрага на руско-грузискиот конфликт во 2008

Меѓународниот кривичен суд во Хаг соопшти дека нивниот обвинител планира да отвори истрага за можни воени злосторства против човештвото извршени во воениот конфликт меѓу Русија и Грузија во 2008 година. Во соопштението се вели дека обвинителката Фату Бенсуда заклучила дека постои „разумна основа да се верува“ дека биле извршени злосторства во петдневниот конфликт околу отцепениот регион Јужна Осетија, кој Русија го призна како независна држава. Барањето на Бенсуда мора да биде одобрено од судиите во судот во Хаг. Истрагата на руско-грузискиот конфлик треба да утврди можни воени злосторства на двете страни во војната во август 2008 година. Судот во Хаг веќе ја разгледува можноста за отворање на истрага во источна Украина, каде проруските сепаратисте се борат против владините украински сили.