САД и ЕУ денеска очекуваат договор меѓу партиите

Дипломатските претставништва на САД и на Европската Унија издадоа заедничко соопштение во врска со неуспехот на лидерите на четирите најголеми партии да постигнат согласност на разговорите за измените на изборното законодавство кои се водат изминативе денови. „Делегацијата на Европската Унија и Амбасадата на САД во Скопје жалат што и покрај напредокот постигнат на работната група, партиите се уште не успеаа да ја финализираат изборната реформа. Силно ги поттикнуваме четворицата партиски лидери да постигнат договор денеска. Денот на изборите наближува. Оттаму, потребно е изборниот закон да биде увоен што е можно поскоро и неговата имплементација треба да почне, имајќи ги предвид изборите во април“, се вели соопштението.