НАТО: Загрижувачка ескалација на руската активност во Сирија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вели дека постои „загрижувачка ескалација“ на руската воена активност во Сирија, еден ден по нејзиното драматично проширување на воздушната кампања. Пред министрите за одбрана на НАТО, Столтенберг денеска во Брисел рече дека со оглед на руската воена кампања, алијансата е подготвена ако е потребно да ги распореди силите на нејзината членка Турција по нарушувањето на воздушниот простор од руските авиони. Тој рече дека НАТО ќе направи проценка на последните случувања и на нивните импликации на безбедноста на алијансата. Русија на 30 септември ги започна воздиушните напади во Сирија, што предизвика критика од Турција и од западните земји кои учествуваат во коалицијата предводена од САД против групата на Исламската држава.