Без договор за изборната регулатива

илустрација

Рано изутрината завршиле преговорите меѓу работните групи на партиите без договор за измените во изборната регулатива. Од преговарачките тимови информираат дека не е постигнат компромис, не прецизирајки други детали. Најавена е нова средба на партиските преговарачи, која би требало да се одржи утре.

Инаку, партиите не го испочитуваа договорот за заокружување на измените во изборната регулатива до 6-ти октомври.